Селекторот на словенечката кошаркарска репрезентација Александер Секулиќ го објави поширокиот список на играчи за претстојното Европско првенство.
На него се наоѓаат 19 имиња од кои ќе бидат избрани финалните 12 кои ќе ја претставуваат Словенија на континенталниот шампионат, а тимот ќе го предводи првата ѕвезда Лука Дончиќ. Под негово водство, Словенците ќе се обидат да го повторат успехот од 2017 година кога ја освоија титулата во финалето во Истанбул.
Покрај Дончиќ, од поискусните кошаркари туку се довчерашниот играч на Денвер, Влатко Чанчар, потоа ветеранот Зоран Драгиќ, како и Едо Муриќ и Клемен Препелиќ. Местото за натурализиран играч ќе го пополни Џош Нибо кој пропушти голем дел од минатата сезона поради тешка повреда.
Selektor Aleksander Sekulić predstavlja seznam 19 igralcev, ki bodo čez dobra dva tedna začeli s pripravami na EuroBasket 2025! 💪🏼#kzs I #mojtim pic.twitter.com/WpvXSfYTaW
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) July 7, 2025
Словенците веќе закажаа шест подготвителни натпревари пред Еуробаскетот: на 8 август против Германија во Љубљана, два дена подоцна со истиот ривал во Манхајм, на 15 август во Шиалиау со Литванија, на 16 со Летонија во Рига, на 19 август во Љубљана со Велика Британија, а генералната проба ќе биде спектаклот со Србија во белградската Арена на 21 август.
На Европското првенство, Словенија е во групата во Полска, заедно Франција, Белгија, Израел, Исланд и домаќинот.


