Најуспешниот македонски тренер на сите времиња Емил Рајковиќ по една година пауза се враќа на клупата и тоа во нов клуб.
Откако лани ја напушти ЦСКА Москва, во новата сезона тој ќе го води турскиот прволигаш Тофаш што ќе биде негов прв ангажман во една од најсилните лиги во светот. На позицијата доаѓа на местото на турската легенда Орхун Ене кој пред две недели ја прекина соработката со Тофаш откако тимот испадна од Бахчешехир во првата рунда од плејофот.
Во основниот дел од сезоната, Тофаш го освои четвртото место и се очекуваше да стигне барем до полуфиналето, но сепак застана на првото скалило. Во својата историја, клубот има две шампионски титули, освоени во 1999 и 2000 година, а заедничка работа со Емил Рајковиќ им е Работнички. Тофаш играше со 15-кратниот македонски шампион во групната фаза од тогашниот Куп на победниците на куповите во сезоната 1993/94 и против него Работнички оствари една од двете победи (втората беше против Таугрес, денешна Басконија).
За Рајковиќ, Турција ќе биде четврта меѓународна станица во кариерата, по Полска, Казахстан и Русија. Во Македонија ги водеше Тоа сум јас, Фени Индустри со кого ги оствари најголемите успеси, Работнички и МЗТ Скопје, а во странство беше тренер на полските Шлонск и Стал, казахстансата Астана и руските Автодор и ЦСКА Москва.


