Димитрис Јанакопулос секако е најконтроверзниот сопственик на клуб во Евролигата и последните години стана славен по своите испади на натпреварите на неговиот Панатинаикос.
Ако во Грција немаат лек за неговото дивеење, Евролига успеа да најде на несекојдневен начин. По новите прописи на елитното натпреварување, испадите на официјалните лица на клубовите, особено сопствениците, во иднина ќе можат да се санкционираат дури и со одземање победа. Дали тоа ќе биде една или повеќе, ќе се одлучува врз основа на тежината на престапот, а во тоа влегуваат екстремни постапки на теренот, неприкладни изјави, говор на омраза, сето она што го прави Јанакопулос.
Со тоа Евролига се надева дека ќе ја намали тензијата на натпреварите, особено на Панатинаикос во чија арена минатата сезона беше исклучително бурно.


