Олимпијакос е нов шампион на Грција откако вечерва по трет пат во финалната серија го совлада својот најголем ривал Панатинаикос и со вкупни 3-1 за 15. титула во домашното првенство.
Тимот од Пиреја вечерва славеше со 85-71 во меч во кој доминираше од средината на првата четвртина до крајот. Во вториот период водеше со 38-26, ПАО до полувреме намали на само четири поени негатива, но се беше решено во последниот квартал кога домашниот тим отиде на огромни 79-57.
За МВП на финалната серија беше прогласен бугарскиот репрезентативец Александер Везенков кој се повреди на вечерашниот меч, па постигна само два поена. Најефикасен беше Мекисик со 20 поени, додека Нан го предводеше Панатинаикос со 18.
За Олимпијакос ова е трета шампионска титула во последните четири сезони, додека ПАО сезонава остана само со трофејот од Купот на Грција. Финалната серија ја одбележа огромната тензија, поради што постоеше можност да биде прекината и да не биде прогласен шампион.


