Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс од идната сезона ќе го носи дресот на седумкратниот европски првак Панатинаикос.
Информацијата денеска ја потврди тренерот на грчкиот тим Ергин Атаман кој зборуваше за плановите на тимот за претстојната натпреварувачка кампања.
„Го потпишавме Ти Џеј Шортс. Василије Мициќ сакаше да се врати во Европа, но за нас е невозможно да го донесеме и него“, изјави турскиот стручњак со што ги реши сите дилеми околу иднината на Шортс.
Американецот со македонски пасош играше во Париз последните две сезони и беше едно од изненадувањата на Евролигата. Панатинаикос ќе биде нова станица во неговата кариера, а од него ќе бидат големи очекувањата ако се знае дека е еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка.


