Вчера беше одржана ждрепката за групната фаза од Еврокупот, а таа посака во иста група да се најдат екипи во кои има по еден Македонец.
Во групата се германскиот Кемниц во чиј стручен штаб веќе петта сезона ќе биде Македонецот, Ѓорѓи Кочов и италијанскиот Тренто кој токму во периодот на ждрепката го договори нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски. За двајцата, тоа ќе биде прво искуство во Еврокупот имајќи предвид дека Кемниц претходните сезони учествуваше во натпреварувањата на ФИБА, а Јакимовски пет години настапуваше во НЦАА.

Во групата со Кемниц и Тренто се наоѓаат уште: Турк Телеком, Бурж, Улм, Бешикташ, Будуќност, Паниониос, Паневежис и Лондон Лајонс.
Првиот дуел меѓу екипите на нашите претставници е закажан за 18 ноември во Тренто, непосредно пред квалификацискиот „прозорец“ на ФИБА.


