По три години во белиот дрес, босанскиот репрезентативец Џанан Муса денеска официјално го напушти Реал Мадрид.
Како што претходно беше најавено, својата кариера тој ќе ја продолжи во новиот евролигаш Дубаи каде, очигледно, ќе биде една од главните ѕвезди. За тригодишен договор, Муса ќе заработи над 10 милиони евра со што ќе стане и еден од најплатените во Евролигата. За три сезони во тимот на Реал, Муса освои две титули во шпанското првенство и една во Евролигата, а лани беше прогласен и за МВП на финалната серија во АЦБ лигата.
Во исто време, Реал го претстави првото засилување за новата сезона. Станува збор за францускиот репрезентативец Тео Маледон кој доаѓа од Асвел, а четири години од својата професионална кариера помина во НБА лигата, во екипите на Оклахома, Шарлот и Феникс.
Претходно, од Реал си заминаа и Серж Ибака, Уго Гонзалес и Ели Ндиаје, а екипата ќе има и нов тренер во Серџо Скариоло кој го замени Чус Матео.


