По една фантастична сезона во тимот на Будуќност, американскиот интернационалец Мекинли Рајт во новата натпреварувачка кампања ќе настапува во Евролигата.
Од денеска тој е нов член на Дубаи со кого ќе учествува во елитното европско натпреварување, но и во АБА лигата каде минатата сезона беше прогласен за МВП. Рајт играше одлично во текот на цела година, беше најзаслужен за триумфот на Будуќност против Црвена Звезда во полуфиналето, а којзнае како ќе завршеше финалната серија од АБА против Партизан ако не се повредеше уште на првиот меч.
Welcome to your new home, Mckinley 🤎🤍🖤 pic.twitter.com/2pyWR4LN7i
— Dubai Basketball (@dubaibasket) July 10, 2025
Во дресот на црногорскиот првак, Рајт просечно постигнуваше по 12,8 поени, 4,9 асистенции и 2,4 скока по натпревар.


