Трет пат во својата кариера, Игор Митровски ќе биде дел од Европско првенство во сениорска конкуренција.
По Берлин 2015 и Келн 2022 година, тој ќе учествува и на овогодишниот Еуробаскет чии домаќини ќе бидат Летонија, Финска, Кипар и Полска. Митровски со години е најдобар македонски судија, но и еден од најдобрите меѓу ФИБА арбитрите за што доказ се неговите номинации на важни дуели во клупските натпреварувања.
На листата на ФИБА се наоѓаат 54 судии кои ќе ги водат 76. натпревари на континенталниот шампионат за кој се очекува да биде еден од најсилните и најквалитетните во историјата, со голем број НБА кошаркари.
Пред Еуробаскетот во сениорска конкуренција, Митровски ќе биде дел и од судиската екипа на Европското јуниорско (У18) првенство што ќе се одржи во Белград од 26 јули до 3 август, а на кој ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.


