Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс дефинитивно си заминува од Париз претстојното лето, а францускиот тим веќе е во потрага по негова замена.
Всушност, Париз ќе претрпи големи промени, меѓу другото и на тренерската позиција, но заминувањето на играч како Шортс секако ќе предизвика голема празнина во тимот. Извесно е дека во клубот долго време знаат за намерата на Шортс да си оди, па веќе има играч кој е планиран како замена за него.
Станува збор за кошаркарот на Баерн, Карсен Едвардс кој ја заврши сезоната како најдобар стрелец во Евролигата со просек од 20,4 поени по натпревар. Американецот, меѓу другото, има и НБА искуство играјќи за Бостон и Детроит, а пред да дојде во Баерн, една сезона помина во Фенербахче каде ни оддалеку немаше бројки како во германскиот тим.


