Ти Џеј Шортс не е роден Македонец, но навивачите на Париз очигледно го почитуваат тоа што настапува за нашата репрезентација.
Веројатно поради тоа, вечерва на дуелот против Монако, решавачки за трофејот во француското првенство, на една од трибините во арената во Париз се вееше и македонско знаме.

Шортс се води како македонски кошаркар, така е заведен и во шампионатот на Франција и во Евролигата, а две сезони по ред е МВП на сезоната во основниот дел од сезоната.


