По две признанија во основниот дел од сезоната од француското првенство, како и МВП награди во Лигата на шампионите и Еврокупот, Ти Џеј Шортс од денеска има уште една плакета во својата колекција.
Американецот со македонски пасош е прогласен за МВП на финалната серија од францускиот плејоф во кој неговиот Париз ја освои првата шампионска титула во својата кратка историја. Не можеше поинаку затоа што Шортс во целата серија постигна вкупно 118 поени (23,6 по натпревар), а вечерва беше блиску до трипл дабл (27 поени, 10 асистенции, 7 скока).
Des playoffs historiques, une finale historique : LE ROI T.J SHORTS 👑#FinalesBetclicELITE @TjShorts5 x @ParisBasketball pic.twitter.com/zeaE0blE43
— Betclic ELITE (@Betclic_ELITE) June 24, 2025
Со тоа плејмејкерот на блескав начин си заминува од клубот во кој ги помина последните две сезони и имаше низа успеси. Од идната сезона ќе биде член на Панатинаикос и ќе се обиде да ја оствари и последната цел – титула во Евролигата.


