При резултат 1-1, финалето од првенството на Израел, меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим е официјално прекинато и нема да биде прогласен шампион за оваа сезона.
Израелците се решија на ваков потег поради војната со Иран и фактот што кошаркарите не можат да бидат безбедни додека ракети летаат низ Тел Авив, Хаифа, Ерусалим и останатите големи градови низ земјата. Американците од двете екипи веќе си заминаа, а откажувањето на третиот натпревар го прифатија и Макаби и Хапоел.
Засега останува неизвесно каде идната сезона како домаќини ќе играат Макаби и Хапоел во Евролигата бидејќи е малку веројатно дека дотогаш ќе завршат воените операции.


