Во спортот, практика е клубовите кои се заинтересирани за соработка со некого да испратат понуда, таа се разгледува и евентуално се прифаќа или одбива.
Во Барселона, деновиве се случува обратен процес. Во главна улога е шпанскиот репрезентативен центар Вили Ернангомес од кого каталонскиот клуб сака да се ослободи, деумно поради високата плата, делумно затоа што не се вклопува во концепцијата на тренерот. За претстојната сезона, тој има договор на 2,4 милиони евра нето, а од Барса се подготвени да му го исплатат комплетниот износ и да го избркаат бидејќи на тој начин ќе го избегнат данокот кој е идентичен како и платата.
На Ернангомес не му се допаѓа тоа, сака да продолжи во Барселона затоа што таму живее со девојка која е каталонка и нема желба да се пресели. Затоа, искусниот центар со НБА искуство испратил контрапонуда до клубот со која се согласува платата да му биде намалена на само милион евра, но да добие договор до 2030 година.
Раководството на „каталонците“ засега се против оваа понуда, но ако Ернангомес не сака да си оди, не можат да го избркаат поради важечкиот договор за идната сезона. Пред две години, Барса имаше сличен случај со Никола Миротиќ и Кори Хигинс со кои ги раскина договорите на свој штета и им исплати големи суми.


