Грчката кошарка во следните денови би можела да доживеаа нов земјотрес ако се оствари трансферот кој го иницира Панатинаикос.
Пред две години, газдата на ПАО, Димитрис Јанакопулос ја „здрма“ земјата со купувањето на Костас Слукас од својот најголем ривал, а сега би можел да го направи истото со српскиот репрезентативец Никола Милутинов. Наводно, центарот добил понуда за тригодишен договор за вкупна сума од девет милиони евра.
Сето тоа се случува во период кога бројни извори од Италија објавија дека Милутинов има устен договор со Олимпија Милано со која треба да потпише на две години за вкупно четири милиони евра. Двете понуди се повисоки од платата која Србинот ја заработува во Олимпијакос, а која изнесува 1,6 милиони евра по сезона.
Панатинаикос има квалитетни центри во својот ростер, но одлучи да тргне по кошаркарот на главниот ривал. Како на тоа ќе реагираат „црвено-белите“ ќе се знаен претстојните денови.


