Веќе стана традиција секоја година Ненад Димитријевиќ да се поврзува со Партизан, па исклучок не е ни оваа.
Водечките европски кошаркарски портали тврдат дека македонскиот репрезентативец е многу блиску до двегодишен договор со „црно-белите“, но засега нема потврда ни од клубот, ни од кошаркарот. Димитријевиќ се уште е член на Олимпија Милано за која не игра веќе два месеца, а има договор со италијанскиот првак до јуни 2026 година.
Тој беше поврзуван со Партизан уште додека го носеше дресот на Уникс, се зборуваше за можен трансфер и лани, но во ниеден случај не се договори со поранешниот европски шампион.


