Бројни српски медиуми денеска објавија дека Црвена Звезда платила еден милион евра за Филип Петрушев и дека кошаркарот и идната сезона ќе го носи дресот на белградскиот клуб.
Оваа натпреварувачка кампања беше позајмен во Звезда, а идната би требало да биде играч на овој клуб. Сепак, од Олимпијакос категорично ги отфрлаат овие информации и тврдат дека состанок меѓу претставници на двата клуба немало и дека тоа би требало да се случи во следниот период.
Нема дилема дека Петрушев идната сезона нема да биде член на Олимпијакос бидејќи не е во добри односи со тренерот Јоргос Барцокас, но на кој начин ќе биде изведено неговото заминување, ќе се знае наскоро.


