Два дена откако ја освои шампионската титула во француското првенство, Ти Џеј Шортс официјално стана член на седумкратниот европски шампион Панатинаикос.
Македонскиот репрезентативец потпиша договор на две години за плата од 2,1 милион евра по сезона што е пет пати повисока заработка од онаа што ја имаше во Париз. Најважно од се за Панатинаикос е тоа што во договорот нема НБА клаузула што значи дека Шортс не може да се пресели во САД пред истекот на следните две сезони.
𝑾𝒆𝒍𝒄𝒐𝒎𝒆 𝑻𝑱 𝑺𝒉𝒐𝒓𝒕𝒔 ☘️
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) June 26, 2025
Η ΚΑΕ Παναθηναϊκός AKTOR ανακοινώνει την απόκτηση του Τι Τζέι Σορτς ΙΙ για τα επόμενα δύο χρόνια.
_________________________________________
Panathinaikos BC AKTOR is pleased to announce the signing of TJ Shorts II on a two-year contract.… pic.twitter.com/v26B5vzrIn
ПАО во Шортс доби еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка и секако голем адут за освојување на нова, осма титула во Евролигата. Минатата сезона, за него дебитантска во елитното европско натпреварување, Шортс просечно постигнуваше по 19 мпоени, 7,3 асистенции и 2,6 скока со индекс 22,8 со што беше легитимен кандидат за МВП признанието.
Американецот со македонски пасош има евидентен прогрес последните три сезони во кои триумфираше во Лигата на шампионите, па во Еврокупот и двојна круна во француското првенство. Во сите овие натпреварувања, тој беше прогласуван за најкорисен играч.


