Селекторот на унгарската кошаркарска репрезентација Гашпер Окорн објави список од 20 кошаркари во пресрет на претквалификациите за Светското првенство.
Унгарија е во групата со Македонија и Романија, а пласман во главните квалификации обезбедуваат двете првопласирани селекции. На списокот на Окорн се претежно играчи од домашното првенство, со тројца интернационалци: Гјорги Голоман од Бургос, Валерио Бодон Винсент од Пистоја и натурализираниот Нејт Руверс од Валенсија. Познато е дека најдобриот унгарски кошаркар Адам Ханга неодамна се прости од националниот тим и нема да игра во овие претквалификации.

Подготовките на Унгарците почнуваат на 20 јули, а дотогаш селекторот ќе го скрати списокот на 15/16 играчи. Овие кошаркари, во најголем дел настапуваа и во квалификациите за Европското првенство и се работи за искусни играчи, со долг стаж во националниот тим.


