Црвена Звезда го претстави и шестото засилување за новата сезона откако претходните денови постигна договори со Чима Монеке, Семи Оџелеј, Ебука Изунди, Стефан Миљеновиќ и повратникот Урош Плавшиќ.
Нов член на белградскиот тим е довчерашниот член на Уникаха Малага, Тајсон Картер. Станува збор за извонреден офанзивен играч кој, меѓу другото, апсолутно заслужено беше прогласен за МВП на завршниот турнир од Лигата на шампионите последната сезона. Уникаха славеше на тој турнир и ја освои втората титула по триумфот во финалето против Галатасарај за кого играше Изунду.
Нови члан црвено-белих је Тајсон Картер! 🔴⚪️
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 3, 2025
Досадашњи играч Уникахе и МВП финалног турнира Лиге Шампиона, потписао је уговор са нашим клубом и представљаће велико појачање на позицији бека за КК Црвена звезда Меридианбет!
Welcome to red and whites, Carter!#kkcz… pic.twitter.com/4Dv5RftHj9
За Картер ова ќе биде и враќање во Евролигата каде последен пат настапуваше во сезоната 2021/22 во дресот на Зенит, но поради агресијата на Русија врз Украина, клубот од Сант Петерсбург, заедно со ЦСКА и Уникс, тогаш на половина беше исфрлен од елитното натпреварување. За волја на вистината, Картер тогаш не се прослави, одигра само четири меча со ефект од 1 поен, 0,5 скока и 1,25 асистенции.
За да се пресели во Звезда, Картер ѝ плати на Уникаха отштета од еден милион евра, а во новата сезона ривал, како член на Партизан, ќе му биде неговиот соиграч од андалузискиот тим Дилан Осетковски.


