Иако Партизан имаше шанса за победа, Црвена Звезда славеше во второто евролигашко вечно дерби оваа сезона.
Мечот беше исклучително драматичен и неизвесен до последната секунда, но на крајот одлучи една топка, еден напад и две слободни фрлања. Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ беше краток во своето согледување на настаните.
„Среќата во последниот напад беше на страната на Црвена Звезда“, рече трофејниот стручњак непосредно по завршувањето на дербито.
Без разлика на се, Звезда на десет кола пред крајот на основниот дел од сезоната има две победи повеќе од својот најголем ривал и добра шанса дури да се бори за место во топ-6.


