Српскиот и АБА шампион Црвена Звезда синоќа славеше во второто еевролигашко вечно дерби оваа сезона и со тоа собори еден свој рекорд кога станува збор за Евролигата.
Тоа е седми триумф на гостувањата во елитното натпреварување со што е пробиена границата од шест која „црвено-белите“ ја достигнуваа во два наврата, во сезоната 2016/17 под водство на Дејан Радоњиќ и во 2022/23 кога тренер беше Душко Ивановиќ.
По овој параметар, Звезда сезонава е една од најдобрите во Евролиагата, со билана 7/6. Подобри од неа на гостувањата се само Фенербахе (8/3), Монако и Олимпијакос (по 7/5). Покрај Партизан, Црвена Звезда како гостин ги совлада уште Париз, Фенербахче, Монако, Виртус, Барселона и Басконија.


