Олимпија Милано го прегази Варезе со 119-92, а забележителна улога во победата имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Плејмејкерот на италијанскиот првак на теренот помина 20 минути и првпат во 2025 година постигна двоцифрен број поени (12). Ова беше негов петти натпревар во новата година, но мора да се истакне дека пропушти три недели поради здравствени проблеми.
Димитријевиќ има две недели да ја крене формата пред завршницата од Купот на Италија по што ќе ја предводи Македонија во клучните два натпревара од квалификациите за Европското првенство.


