Претходните три сезони, Партизан, односно неговите навивачи ги рушеа рекордите во Евролигата според посетеноста на натпреварите од елитното натпреварување.
Некои од тие рекорди се уште стојат, но оваа натпреварувачка кампања, Црвена Звезда е таа која го води орото. „Црвено-белите“ имаат огромна шанса да се пласираат во плејофот од Евролигата и навивачите го препознаваат тоа, па на последните натпревари белградската Арена е исполнета до максимум, веројатно и над последното место.
Анализата на оваа сезона покажува дека Звезда, според официјалните извештаи, ги има четирите најпосетени натпревари во Евролигата: против Барселона (20.991 гледач), Париз (20.990), Фенербахче (20.989) и Партизан (20.654). Заклучно со 24. коло, Партизан ги има петтиот и шестиот најгледан натпревар, против Париз (20.200 гледачи) и минатата недела со Црвена Звезда (20.118). Веројатно на петтото место ќе се испречи повторно Звезда бидејќи и на синоќешниот меч со Асвел трибините беа преполнети, а тој меч се уште не е влезен во статистиката.
Овие две екипи се наоѓаат и на врвот по просечната посетеност на натпреварите како домаќини, а зад нив се Панатинаикос, Жалгирис, Олимпијакос итн.


