На девет кола пред крајот на основниот дел од сезоната во Евролигата, Партизан се искачи на деветтото место на табелата откако вечерва го совлада Виртус во Болоња со 81-71.
По несреќниот пораз од Црвена Звезда минатата недела, на „црно-белите“ очајно им беше потребен ваков триумф бидејќи во спротивно ќе можеа само да го сонуваат плејофот или плејинот. Вечерва доминираа од втората четвртина до крајот, а повторно се истакнаа со играта во одбрана, дозволувајќи му на домаќинот да постигне само 71 поен.
Стерлинг Браун и Карлик Џонс го предводеа тимот на Партизан, но Лакиќ одигра клучна одбрана и има голема заслуга за победата иако тоа можеби не се гледа низ бројките.
По 25 одиграни натпревари, Партизан има биланс 13/12, колку и Реал и Олимпија Милано, но поради подобрата кош-разлика од нив, се најде на деветтата позиција на табелата.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Басконија 92-85
Барселона – Макаби 100-71
Париз – Олимпијакос 73-90
Виртус – Партизан 71-81


