Дисциплинската комисија на Евролига соопшти дека Партизан и Црвена Звезда се парично казнети поради инцидентите на „вечното“ дерби во елитното натпреварување, одиграно минатата недела.
Звезда како формален гости победи со 73-71, а на трибините на белградската Арена имаше и 1.000 нејзини навивачи. Казнети се двете екипи, но многу полошо помина Партизан кој ќе мора да плати 50 илјади евра и следниот натпревар на домашен терен да го игра со намален капацитет на трибините.
„Партизан е казнет со парична казна во износ од 50 илјади евра, а во следниот натпревар ќе игра со ограничен капацитет од 80% од арената што подразбира и затворање на одредени сектори поради повеќе инциденти кои навивачите ги направија за време на мечот со Црвена Звезда. ‘Црвено-белите’ се казнети со 20 илјади евра поради инциденти кои нивните навивачи ги направија на истиот натпревар“, стои во соопштението од Евролига.
Својот следен натпревар на домашен терен, Партизан го игра на 28 февруари, против Басконија.


