Иако во јавноста важи мислењето дека во Евролигата судат најдобрите арбитри, многу пати само оваа сезона можеше да се забележи дека не е баш така.
Добра потврда беше и вечерашниот натпревар меѓу Монако и Партизан кој го водеа Кортес и Перез од Шпанија и Царуха од Грција. Освен големиот број сомнителни одлуки на штета на двете екипи, врв беше ситуацијата кон средината на втората четвртина.
— Ricardo Kaka (@rikardons) February 7, 2025
Мајк Џејмс шутираше и погоди тројка, а при доскокот стапна на ногата на Ифе Лундберг кој се подмести под него. Според правилата, тука може да се досуди лична грешка, но судиите по прегледувањето на снимката, покажаа неспортска за данскиот кошаркар во дресот на Партизан, што наиде на жестока реакција кај белграѓани, а притоа техничка грешка доби Џејмс за протест. Поради техничката, Лундберг изведе и погоди едно слободно фрлање, а потоа Џејмс доби два „пенала“ и ги реализира.
Дури по завршувањето на следниот напад, по интервенцијата на Жељко Обрадовиќ, судиите сфатија дека не требаше да му дадат две слободни фрлања на Џејмс, па го поништија едното и играта продолжи.


