Екипата на Анадолу Ефес го заврши својот пат во Купот на Турција уште во четвртфиналето откако вечерва загуби од Бешикташ со 80-85.
До триумфот, Бешикташ стигна и покрај тоа што во третата четвртина имаше негатива од 14 разлика. Одлучи последната четвртина која тимот на Душан Алимпијевиќ ја доби со 24-13 и на тој начин го комплетира големиот пресврт.
Ова е уште еден голем неуспех за италијанскиот стручњак Лука Банки кој минатиот месец беше назначен да го изведе Анадолу Ефес на вистинскиот пат. Бешикташ во полуфиналето ќе има значително полесна задача бидејќи се среќава со тимот на Мерсин.


