Олимпија Милано ја продолжува одбраната на трофејот во Купот на Италија откако во четвртфиналето, полесно од очекувањата, го совлада својот најголем ривал Виртус со 91-77.
Одлучувачка беше втората четвртина која Олимпија ја доби со 27-15 и на пауза замина со големи 14 поени разлика. На стартот од последниот период тимот од Милано имаше и +21 и мирно го приведе натпреварот кон крајот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно се покажа во одлично светло против Виртус. За 19 минути во игра, постигна 14 поени, 3 асистенции и еден скок, а поефикасни од него беа само Ледеј со 16 и Шилдс со 19 поени.
Во полуфиналето, Олимпија Милано ќе игра со Бреша која денеска ја совлада Тортона со 86-79.


