Екипата на Мителдојчер, десеттопласирана во Бундеслигата, е сензационален освојувач на Купот на Германија за 2025 година.
Во големото финале, тимот од Вајсенфелс го победи Бамберг со 97-87, но најголемата работа ја заврши вчера, со триумфот против првиот фаворит Баерн со 95-93. Мителдојчер беше домаќин на завршниот турнир и ја предноста на својот терен и околу 3.000 навивачи од кои доби огромна поддршка.
Голема предност направи уште во првата четвртина која ја доби со 28-17, во еден момент имаше водство и од 19 поени и во ниеден момент прашањето околу победникот не беше доведено во прашање.
За Мителдојчер ова е прв трофеј во 67-годишната клупска историја кога станува збор за германската кошарка, а има и титула од ФИБА Европа купот, од 2004 година.


