Во европската кошарка во тек е репрезентативна пауза, а Реал Мадрид би можел да излезе од неа покус за двајца кошаркари.
Шпанските медиуми тврдат дека на излезна врата од клубот се наоѓаат неодамнешното засилување Денис Смит и искусниот центар Серж Ибака кој пред почетокот на оваа сезона се врати во Реал. Ситуацијата кај нив двајца е сосема спротивна бидејќи Ибака не е задоволен од односот на Чус Матео кон него и самиот инсистира да си оди, а Смит не ги оправда очекувањата и во клубот сметаат дека не е достоен да го носи дресот на мадридскиот гигант.
Смит одигра само два меча и на нив постигна вкупно осум поени, а наводно не сакал да отпатува за Гран Канарија каде се одржа завршниот турнир од Копа дел Реј, а каде Реал загуби во финалето од Уникаха.
Следниот натпревар на „кралскиот клуб“ е на програмата на 27 февруари против Барселона, во рамките на Евролигата.


