Репрезентацијата на Естонија е во исклучително поволна позиција пред последните два натпревара од квалификациите за Европското првенство бидејќи се наоѓа на првото место во групата и има предност од пет поени од првиот меч против Македонија.
Дури и да киксираат против нас, Естонците имаат поправен, против Литванија во последното коло. Во македонската репрезентација на петочниот натпревар ќе биде Ти Џеј Шортс кој е еден од најдобрите играчи во Евролигата сезонава, но тоа не го плаши многу селекторот на Естонија, Хајко Ранула.
„Против Македонија ние не играме за да избегнеме пораз, туку да го освоиме првото место во групата. Знаеме дека во македонската репрезентација ќе биде Ти Џеј Шортс што на нив им носи и непредвидливост, но и ние со неговото играње имаме свои предности. Пред се, под кошевите каде очекувам да доминираме бидејќи имаме голема предност во височина“, рече Ранула.
Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра в петок во Талин, а од него ќе зависи дали последното коло ќе има резултатско значење за двете селекции.


