По денешните натпревари од квалификациите, познати се уште осум патници на Европското првенство што ќе се одржи претстојното лето во четири држави.
Најмногу се слави во Португалија која првпат по 14 години обезбеди пласман на континенталниот шампионат и тоа ќе биде нејзино четврто учество на оваа манифестација по 1957, 2007 и 2011 година. Португалците вечерва загубија од Израел, но загуби и Украина од Словенија со што ги загуби шансите за третото место во групата.

Останаа слободни уште летири места, но три од нив се за групата Д во која се Германија, Црна Гора, Шведска и Бугарија, селекции кои во меѓусебните дуели в недела ќе одлучат кој ќе патува на Европското првенство. За последната „виза“ индиректно ќе се борат Исланд и Унгарија.


