Младиот шпански репрезентативец и некогашна голема надеж на кошарката во оваа земја Хуан Нуњез ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, објави денеска тренерот на „каталонците“, Жоан Пењароја.
Тој има проблеми со коленото поради кои не може повеќе да игра, а влезе на листата на повредени играчи на која се уште Николас Лапровитола, Кевин Пантер и Јан Весели. Лапровитола, исто како и Нуњез, не се враќа повеќе оваа сезона.
„Хуан имаше проблеми со коленото последните неколку месеци и поради тоа не можеше да игра на посакуваното ниво. Повеќе не може така и во консултација со медицинскиот персонал во клубот, одлучивме дека мора да се донесе радикална одлука“, рече Пењароја.
Постои можност, евентуално, Нуњез да се врати во финишот од сезоната, кон крајот на мај или почетокот на јуни, но шансите за тоа се минимални.


