Екипата на Црвена Звезда ја прекина серијата од три победи во Евролигата откако вечерва на домашен терен загуби од Жалгирис со 80-86.
Евентуален триумф на овој меч ќе го однесеше белградскиот тим пред портите на плејофот, а вака ќе мора да се „вади“ на некој од последните натпревари. Победата против Жалгирис им беше однапред „запишана“ на црвено-белите, со оглед на тоа што тимот од Каунас е надвор од позициите кои водат во плејоф или плејаут, но на крајот доживеаја кикс кој може скапо да ги чини.
Жалгирис апсолутно заслужено стигна до победата имајќи предвид дека водеше речиси цел натпревар. Долго време предноста изнесуваше еден посед, се до третата четвртина кога литванскиот тим отиде на +8 (64-56). Звезда некако се одржуваше на пристојна негатива, но во последниот квартал Жалгирис направи серија од 6-0 и отиде на недостижни 81-70.
Франсиско со 25 поени беше прв играч на Жалгирис, Петрушев постигна 16 за Звезда, но дури 10 од нив во првата четвртина.


