Екипата на Партизан ја оствари 15. победа во сезоната откако вечерва пред своите навивачи ја совлада Басконија со 86-73.
Со тоа продолжи традицијата од меѓусебните дуели на овие две екипи затоа што во последните две децении, на нив секогаш победуваше домашниот тим. Интересен беше развојот на настаните бидејќи во првото полувреме се чинеше дека Партизан ќе го прегази својот ривал, а Басконија во финишот се закани со голем пресврт.
„Црно-белите“ во втората четвртина водеа и со 25 поени разлика (45-20), а до ова водство стигнаа по серијата од 16-0. Така беше се до средината на третиот период, а потоа Басконија почна да го меле домаќинот. Ја стегна одбраната, па до завршувањето на третата четвртина симна на само -9, а на четири минути пред крајот на мечот се доближи на пет поени разлика (67-72). За среќа на Партизан, Карлик Џонс и Стерлинг Браун постигнаа неколку важни кошеви и белградскиот тим успеа да дојде до исклучитечно важната победа која го качи на осмото место на табелата.
Џонс и Браун беа најефикасни на мечот со 21, односно 19 поени. Басконија имаше четворица кошаркари со двоцифрен број поени, но најмногу Луваву Кабаро и Рогавопулос, по 11.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Алба 98-73
Виртус – Олимпијакос 70-92
Партизан – Басконија 86-73
Асвел – Панатинаикос 93-96


