Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли од денеска е слободен играч откако го прекина договорот со својот клуб Гранада.
Тој е втор кошаркар кој си замина од андалузиската екипа последните недели бидејќи истото неодамна го направи крилниот центат Едгар Виседо. Вајли беше надвор од тимот подолг период поради операција на прстот, но се очекуваше д се врати за саботниот натпревар против Билбао.
Неговото заминување ќе биде голема загуба за Гранада која води жестока битка за опстанок во АЦБ лигата и се наоѓа на само две победи од опасната зона.
Вајли има 12 настапи за македонската репрезентација, но последен пат играше во квалификациите за Светското првенство во 2023 година кога на четири меча, просечно постигнуваше по 10 поени и 8 скока.


