Освен тоа што е најкорисен играч во 30. коло од Евролигата, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс го има и најатрактивниот потег во овој круг од елитното натпреварување.
Нетипично за кошаркар висок само 175 сантиметри, станува збор за блокада со која плејмејкерот на Париз го запре противничкиот играч Нико Менион во последната четвртина од натпреварот против Олимпија Милано кој се одигра во вторникот.
И потегот број 2 од ова коло е од истиот дуел, а му припаѓа на францускиот интернационалец во редовите на Олимпија Милано, Фабиен Козер.


