На четири кола пред крајот на основниот дел во Евролигата, речиси ништо не е познато кога станува збор за конечниот пласман на табелата бидејќи секоја екипа има шанса за која било позиција.
Сепак, врз основа на алгоритми, компјутерски е пресметано кои се најголемите шанси за четвртфиналните двојки во плејофот од елитното натпреварување од кои ќе се одредат патниците на завршниот турнир во Абу Даби. Направени се над 10.000 симулации и утврдено е дека најголеми шанси да заиграат еден против друг имаат братските екипи Олимпијакос и Црвена Звезда (14,2%). Ова веројатно значи дека Звезда ќе брка пласман во плејофот преку плејаутот имајќи предвид дека само чудо може да го одвои Олимпијакос од едно од првите две места на табелата по основниот дел.
Втората двојка би ја сочинувале Монако и Барселона (11,1%), трета е турската пресметка меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес (9,3%), а четвртфиналето го затвораат Панатинаикос и Реал (7,6%) во реприза на ланското финале.
Ова значи дека поранешниот европски шампион Партизан нема да биде дел од евролигашкиот плејоф иако се уште постојат теоретски шанси да се најде барем во плејаутот.


