Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ би можел идната сезона да се врати во европската кошарка ако се остварат најавите за негов можен трансфер во Реал.
Шпанскиот Encestando тврди дека „кралскиот клуб“ е заинтересиран за потписот на искусниот кошаркар, а во прилог му оди статусот на Шариќ во неговиот сегашен тим Денвер Нагетс. Минутажата му е очајна и тој седи на клупа дури и кога тимот не е комплетен.
Шариќ е во НБА веќе девет години, почна во Филаделфија, а потоа играше и во Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт и Денвер. Последен тим во Европа во кој настапуваше беше Анадолу Ефес ос 2014 до 2016 година, а претходно беше член и на Зрињевац, Загреб, Дубрава и Цибона.


