Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс игра извонредно сезонава во Евролигата, па не е изненадување, интересот за него од европските гиганти.
Каталонскиот весник Спорт, познат по својата блискост со Барселона, денеска објавува дека овој клуб сака да го донесе Шортс во своите редови на крајот од сезоната. Според многумина, нашиот репрезентативец е најдобар плејмејкер во Евролигата во оваа натпреварувачка кампања, но и меѓу најсериозните кандидати за МВП на сезоната во елитното натпреварување.
Шортс одигра одлично на двата меча сезонава против Барселона. Во Блауграна постигна 24, а на домашен терен 20 поени со тоа што на првиот меч, одигран во Каталонија, беше прогласен за играч на колото со индекс 36.


