Српскиот и АБА шампион Црвена Звезда го продолжи својот сон за пласман во плејофот од Евролигата откако денеска буквално го разнесе Виртус со 88-52.
Тоа е највисока победа за „црвено-белите“ во елитното европско натпреварување, надминувајќи го триумфот од сезоната 2021/22 против Панатинаикос кој изнесуваше 33 поени разлика. Не само шшто Црвена Звезда играше одлично, туку и Виртус не личеше на екипа која треба и може да се натпреварува во Евролигата.
Дебаклот на Виртус можеше да се почувствува уште на стартот од мечот бидејќи Звезда отвори со 11-1, подоцна водеше со 21-8, а на крајот од првата четвртина имаше 28-11. На средина од втората четвртина, на семафорот стоеше 45-17 по што домаќините делумно го намалија темпото и италијанскиот тим се спаси од тотална катастрофа.
Црвена Звезда со оваа победа се искачи на петтата позиција на табелата, но разликата со десеттопласираниот Париз изнесува само една победа. Во последните три кола белградскиот тим има три исклучително тешки натпревари, против Реал и Ефес на домашен терен и Панатинаикос во Атина.
РЕЗУЛТАТИ
Макаби – Панатинаикос 92-99
Црвена Звезда – Виртус 88-52
Анадолу Ефес – Басконија 92-76


