Во 14 часот денеска, во Рига ќе се одржи ждрепката за претстојното Европско првенство чии домаќини претстојното лето ќе бидат Летонија, Финска, Кипар и Полска.
Пред ждрепката, 24. селекции се поделени во шест барабани од кои ќе се формираат четири групи со по шест селекции. Новото правило на ФИБА овозможи домаќините да си одберат по една селекција-партнер, па Летонија ја избра Естонија, Финска се реши за Литванија, очекувано Кипар се поврза со Грција, а Исланд заврши во Полска.

Останатите репрезентации попладнево ќе дознаат во која група ќе бидат. Претстојното Европско првенство се очекува да биде едно од најквалитетните и најнеизвесни во историјата.


