Неутралните љубители на Евролигата оваа сезона уживаа во играта на Париз кој од почетокот на кампањата беше посочен како најголемо освежување и сензација во елитното кошаркарско натпреварување.
Во еден период, францускиот вицешампион беше и лидер на табелата, а уште среде сезона почна интересот од европските гиганти за кошаркарите на Париз. На три крајот на основниот дел од сезоната, Париз стравува за своето место во плејинот, иако, теоретски уште има шанси и за топ-6. Неискуството си го направи своето, па Шортс и компанија неколку натпревари загубија поради свои грешки и со минимална разлика, како оној меч против Фенербахче пред два дена кога примија кош во последната секунда.

И распоредот не му оди во прилог на Париз кој утре гостува кај актуелниот европски шмпион Панатинаиикос, идната недела оди кај Реал, а во последното коло ја пречекува Алба и тоа е единствен натпревар на кој е фаворит. Идентичен биланс како Париз (17/14) имаат Анадолу Ефес, Барселона и Реал, Црвена Звезда и Баерн се со победа повеќе, а Партизан и Олимпија Милано со победа помалку.
Ситуацијата во Евролигата е таква што на две кола пред крајот, од 5. до 12. позиција екипите се на две победи разлика и јасно е дека претстои огромна борба.


