Ти Џеј Шортс останува во најтесен круг на кандидати за МВП на сезоната во Евролигата, а во меѓувреме повторно го доби признанието за најкорисен играч во едно коло од елитното кошаркарско натпреварување.
Не можеше да биде поинаку бидејќи македонскиот репрезентативец блескаше во дуелот со актуелниот европски шампион Панатинаикос кој синоќа се играше во Атина. За малку не оствари трипл дабл, а мечот го заврши со 20 поени, 14 аасистенции и 9 асистенции за индекс 36, највисок во 32. коло од Евролигата.
Ова е четврто вакво признание за Шортс оваа сезона откако беше МВП во петтото, 10. и 30. коло. Повеќе од него има само кошаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков – 5.


