Српскиот и АБА шампион, Црвена Звезда е казнет со 16 илјади евра и намалување на капацитетот на 80% поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на претходниот меч против Реал Мадрид.
Казната ќе биде применета на натпреварот против Анадолу Ефес в петок кој е од круцијално значење за белградскиот тим во борбата за пласман во плејофот или плејинот од елитното европско натпреварување. Ова значи дека Звезда нема да игра пред полни трибини во мечот кој мора да го добие за да ги задржи шансите за место во топ-6.
Во пресрет на претстојното, претпоследно коло, Звезда и Анадолу Ефес се израмнети со биланс 18/14 и на делба од шестата до десеттата позиција. Теоретски, белграѓани можат да бидат загрозени и од Партизан и од Олимпија Милано кои имаат две победи помалку, но подобар биланс во меѓусебните пресметки.


