Среде шпекулациите за влезот на НБА во европската кошарка и експанзијата на Евролигата од 18 на 20 екипи, клубовите кои учествуваат во европските натпреварувања веќе ги прават почетните планови за идната сезона.
Извесно е дека во Евролигата ќе дебитира Дубаи кој сака да остави добар впечаток во елитното натпреварување, исто како што тоа го направи во АБА. Поради тоа, менаџментот се обидува соодветно да го засили тимот и тој да биде конкурентен на европските гиганти.
Прва желба на челниците на Дубаи е босанскиот репрезентативец Џанан Муса коој е еден од најдобрите играчи на Реал последните сезони. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од оваа натпреварувачка кампања, а се уште нема најави за негово продолжува, па од Дубаи сакаат да го искористат тоа и да го донесат Муса во своите редови.
Покрај Муса, срамежливо се спомнува и хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ, но само ако тој одлучи да ја напушти НБА и да се врати во европската кошарка.


