На четири месеци пред почетокот на Еуробаскетот, француската репрезентација се соочува со голем проблем бидејќи може да остане без својот најдобар играч во моментов.
Виктор Вембанјама одамна ја заврши сезоната во НБА, но сега не е сигурен ни дали ќе биде во можност да настапи на континенталниот шампионат. Пред два месеца, нему му беше дијагностициран тромб на десното рамо поради што медицинскиот персонал на Сан Антонио Спарс му забрани да игра до крајот на сезоната. Се чинеше дека ќе има доволно време да го санира проблемот, но се чини дека ни тој, ни докторите, не сакаат да ризикуваат, а јасно е дека свој удел во конечната одлука ќе имаат и Спарс.
„Не знам дали е реално да настапам, има многу неизвесности. Планирањето однапред не би било релевантно иако е нормално дека сакам да играм за Франција на секое можно натпреварување. Отприлика имам идеја, но проблемот е исклучително специфичен и ќе ми биде потребно време затоа што сакам да бидам сигурен во својата одлука“, изјави Вембанјама.
Евентуалното негово отсуство, драстично ги намалува шансите на Франција да стигне до титулата на Европското првенство, додека со него во составот, „триколорите“ сигурно ќе биде во најтесниот круг на фаворити.


