Ти Џеј Шортс е најголемото освежување во Евролигата оваа сезона во која тој првпат во својата кариера почувствува како е да се игра на највисоко ниво.
Претходните две години блескаше во Лигата на шампионите и Еврокупот, но сезонава покажа дека може да им парира и на најдобрите во Европа. Шортс е во најтесниот круг на кандидати признанието за МВП на сезоната откако четири беше прогласуван за играч на колото и еднаш за играч на месецот.
Како резултат на неговите одлични резултати, огромен е интересот на европските гиганти за потписот на македонскиот репрезентативец. Досега се знаеше само за Олимпија Милано која му нуди 2,2 милиони евра годишно, но во редот за неговиот потпис се и Реал, Барселона, Монако, Олимпијакос и Панатинаикос.
Шортс има договор со Париз и одлично се чувствува таму, а одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата веројатно ќе ја донесе по завршувањето на сезоната.


