Во својата дебитантска сезона, екипата на Париз ќе учествува во плејофот од Евролигата и со тоа ќе ја продолжи најубвата кошаркарска бајка оваа сезона.
Како гостин, францускиот вицешампион вечерва го победи големиот Реал Мадрид со 81-73 и се избори за четвртфинална серија со Фенербахче. Иако Реал беше огромен фаворит, Париз не му дозволи да се размавне, водеше цел натпревар и апсолутно заслужено стигна до победата.
Се разбира, најзаслужен за триумфот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 23 поени и 9 асистенции за индекс 27, највисок на натпреварот.
Реал ќе има втора шанса да стигне до плејофот бидејќи в четврток на домашен терен ќе го пречека Баерн кој вечерва ја победи Црвена Звезда пред своите навивачи. Победникот од тој дуел, во четвртфиналето ќе се сретне со најдобриот тим од основниот дел на сезоната – Олимпијакос.


